Херцог: Знаеме дека Македонија игра многу агресивно

фото:фејсбук

Израелците веќе слетаа во Скопје и го имаат официјалниот тренинг пред последниот настап во евроквалификациите на нашиот најголем стадион.

Селектор на најдобрите израелски фудбалери, Анди Херцог имаше прес конференција на која ги сподели очекувањата во пресрет на последниот меч од квалификациите за ЕУРО 2020 против Македонија.

– Мислам дека репрезентациите што се рангирани од третата до петтата позиција на табелата се на исто ниво. Македонија имаше многу добри натпревари, но кога една грешка е направена, како онаа против Австрија, беше казнета и загуби со 1:4. Знаеме дека Македонија игра многу агресивно. Очекувам еден добар натпревар, бидејќи двете репрезентации имаат квалитет. Ќе играме со најдобриот можен состав на утрешниот дуел – вели селекторот на Израел, Херцог.

Дуелот помеѓу Македонија и Израел ќе се игра во вторник (19 ноември) со почеток од 20.45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот