Хепенинг за подобар свет „Правиме добри дела и растеме заедно“ - Слободен печат
ВестиМакедонијаПланетаСкопје

Хепенинг за подобар свет „Правиме добри дела и растеме заедно“

Трета година Македонија е дел од најголемото глобално движење наречено Pay it Forward (Продолжи понатаму) кое се одбележува на 28 април.

Во Градскиот парк денеска ќе се одржи хуманитарниот настан „Правиме добри дела и растеме заедно„ во организација на женската хуманитарна организација Inner Wheel Club Skopje Europea и невладината Аутизам МК.

Трета година Македонија е дел од најголемото глобално движење наречено Pay it Forward (Продолжи понатаму) кое се одбележува на 28 април. Истовремено април е месец посветен на подигнување на свеста за аутизмот како една состојба различна, но, сепак слична.

Настанот ќе биде со богата програма првенствено за најмладите, ќе учествуваат многу уметници, а околу сцената ќе има ликовна работилница, Театар со живи статуи, пантомимичар и изложба на цртежи. Ќе има многу подароци за посетителите, а организаторите на овој настан праќаат единствена и уникатна порака за ширење на добрината, за прифаќање на различностите и емпатија меѓу луѓето.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close