Хенман го „спушти“ Кирјос на земја

EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Австралиецот Ник Кирјос е лошото момче на тенисот и наместо вниманието да го привлекува со игрите, тој е ја бранува јавноста со скандалозното однесување.
На турнирот во Рим заработи дисквалификација откако, прво се расправаше со линискиот судија, а потоа го фрли столчето на теренот.

Позната е неговата нетрпеливост кон двајцата најдобри тенисери на АТП Ранг листата, Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал. За Ѓоковиќ вели дека има болна опсесија да биде сакан од сите и дека не го поднесува, додека за Надал вели дека е лош губитник.

Одговорот дојде од поранешниот четврти рекет на АТП, Тим Хенман кој сега работи како стручен аналитичар за Би-Би-Си.

– Мислам дека кога го гледате Кирјос, на прв поглед го гледате како ирач. Вистинското прашање за него е „Што е успех. Како го опишува успехот?“. Во спортот навистина е лесно да се одговори, победа или пораз.
Дали Ник го покажува вистинскиот потенцијал?!. Никако, тоа е прво и основно, а во исто време и поразително за тенисот. Мислам дека е специфичен карактер но во исто време поседува неверојатен талент. Сакам да го видам кога ќе ја спушти главата и ќе се сконцентрира на тоа што најдобро го работи, да игра тенис на повисоко ниво од сега. Тој треба да освојува турнири и да се бори за висок пласман на Гран слем турнирите, а не да зборува за конкурентите. Не сум пророк, но се надевам дека конечно ќе направи големи промени – вели Хенман.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот