„Хенк-цина“: Крвта на Том Хенкс и Рита Вилсон ќе се користи за создавање на вакцина против коронавирусот

Instagram

Примероци од крвта на славниот холивудски пар, актерот Том Хенкс и неговата сопруга Рита Вилсон, ќе бидат искористени во обид да се направи вакцина против Ковид 19, пренесуваат светските медиуми.

Брачната двојка беше меѓу првите славни личности кои објавија дека се позитивни на коронавирус, вирус што го напаѓа респираторниот систем и може да биде фатален. Тие се разболеа во Австралија каде што Том Хенкс снимаше нов филм-биографија за Елвис Присли.

Откако излегоа во јавноста со својата дијагноза тие постојано ги известуваа фановите за нивната состојба додека беа во изолација. Двајцата целосно закрепнаа и потоа им беше дозволено да се вратат во нивниот дом во Лос Анџелес.

Фото: Профимедиа

Откако се вратија во САД, Том (63) и Рита (63) се пријавија во медицинско испитивање за да се утврди дали нивните антитела ќе бидат корисни за научниците кои работат на развивање на вакцина.

Славниот актер неодамна откри дека им било одобрено да донираат крв бидејќи тие наводно „ги носат антителата“, пренесува „Варајати“.

Том се надева дека неговата и крвта на сопругата ќе се покажат корисни во борбата против коронавирусот и се пошегува дека токму тој ќе биде одговорен за создавање  на „Хенк-цина“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот