Хенеси е само третиот голман во историјата кој добил црвен картон на Мундијалите

Моментот кога Вејн Хенеси („Велс“) го фаулираше Мехди Тареми („Иран“)/Доха, Катар/25 ноември 2022/фото: EPA-EFE/Rungroj Yongrit

Вејн Хенеси, голманот на велшката репрезентација доби црвен картон на денешниот натпревар против Иран, првиот црвен на Светското првенство во Катар.

Ова исклучување им помогна на Иранците во финишот да постигнат два гола и стигнат до важна победа која им остава надежи дека можат се најдат на една од првите две позиции во групата кои водат во осминафиналето.

За прв пат во историјата сите натпревари од првото коло се одиграа без никој да биде исклучен. Хенеси се погрижи чекањето да не биде предолго.

Инаку според „Опта“ Хенеси е само третиот голман во историјата кој добил црвен картон на Мундијалите.

Претходно тоа им се случи на Итумеленг Куне од Јужна Африка на натпреварот против Уругвај во 2010 година и Џанлука Паљука од Италија на мечот против Норвешка во 1994 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот