Хендикеп за Ливерпул: Без Алисон во УЕФА Суперкупот!

twitter.com/AnythingLFC_

Бразилецот Алисон има повреда на ногата и нема да замине во Истанбул (Турција) со екипата следната недела за дуелот против Челзи.

– Немаше ништо лошо во играта, освен повредата на Алисон. Ова се разбира не е добро за нас, но мора да видиме колку е сериозно. Тој не можеше да ја продолжи средбата, ова не е добар знак. Во среда тој нема да игра, со цело мое искуство можам да го кажам ова сега – потврди тренерот Јирген Клоп.

Бразилецот нема да биде во составот на „црвените” од четири до шест недели, пренесува „Дејли мејл”.

Дуелот во УЕФА Суперкупот помеѓу Ливерпул и Челзи ќе се одигра на 14 август на „Водафон Парк“ со почеток од 21.00 часот.

Во петокот фудбалерите на Клоп одлично ја почнаа сезоната со триумф на „Енфилд“ против Норич (4:1). При 3:0 во 39 минута Алисон беше заменет од Адриан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот