Хендерсон откри зашто одби да го замени дресот со Меси

EPA-EFE/PETER POWELL

Ливерпул во сабота ќе игра во финалето на Лигата на шампионите, а лесно можеше да се случи тоа да биде и Барселона, која по првата полуфинална пресметка победи со 3:0. Но во реваншот, „црвените“ се надминаа себеси, победија со 4:0 и си закажаа пресметка со Тотенхем за трофејот во елитното натпреварување.

Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон на шпанските новинари во Мадрид им откри дека не сакал да го замени дресот со Лионел Меси по првиот полуфинален натпревар.

– Никогаш не барам да разменам дресови со противниците. Рој Кин додека играв за Сандерленд му рече дека ако барам од некого дрес, тогаш излегува дека му се воодушевуваш и го прифаќаш поразот. На крајот го добив дресот на Суарез бидејќи тој побара да ги размениме дресовите – изјави Хендерсон.

Иако не сакаше веднаш по натпреварот да признае дека му се воодушевува на Лионел Меси, Хендерсон тоа го стори пред новинарите.

– На „Камп ноу“ за првпат се најдов на теренот со Меси. Не помислив „о Господе, тоа е тој“, туку го прашав како е можно да игра поинаку отколку што изгледа пред ТВ екраните. Неверојатно е брз – вели Хендерсон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот