Хендерсон најдобар играч во Премиер лигата, седум играчи на Ливерпул во идеалниот тим

twitter/premier league

Би-Би-Си ја објави анкетата која ја спроведе меѓу навивачите и ги избра најдобриот играч, најдобриот млад играч и идеалниот тим на Премиер лигата.

За најдобар играч е прогласен капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон, додека неговиот соиграч Трент Александер-Арнолд е најдобар млад фудбалер во Премиер лигата за оваа сезона.

Во идеалниот тим се наоѓаат дури седум фудбалери на Ливерпул кој има дури 25 бода предност на девет кола до крајот на Премиер лигата, Алисон, Вирџил ван Дајк, Александер-Арнолд, Ендрју Робертсон, Хендерсон, Мохамед Салах и Садио Мане.

Покрај нив место во идеалниот тим на Премиер лигата имаше уште за двајца играчи на Манчестер сити, Серхио Агуеро и Кевин де Брујне, стоперот на Лестер, Сојунџу и јануарското засилување на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот