ХЕМИСКИ НАПАД ВО КИНЕСКА ГРАДИНКА: Маж испрска натриум хидроксид во училница, повредени повеќе од 50 деца

Фото: Илустрација/Профимедиа

Повеќе од 50 луѓе, главно деца, се повредени кога маж влегол во градинка на југозападот од Кина испрскал со опасна хемикали, соопштија денес локалните власти.

Осомничениот напаѓач на возраст од 23 години се прекачил преку ѕидот на градинката, а потоа во училницата каде имало над 50 луѓе испрскал со натриум хидроксид.

Вкупно 51 дете и три воспитувачи се примени во болница за лечење, додека две лица имаат „сериозни симптоми“. Полицијата го уапсила напаѓачот за помалку од еден час по нападот. Локалните власти објавија дека напаѓачот е дете на разведени родители и дека тоа резултирало со развивање на психолошки пореметувања. Други медиуми објавија дека нападот го извршил како „одмазда врз општеството“.

Напади врз деца во училишта и градинки не се невообичаени во Кина. Во последните неколку години се случија повеќе вакви инциденти, а напаѓачите најчесто користеа ножеви.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот