Хелсиншки: Никој не смее да го ограничува правото на протест

Хелсиншкиот комитет за човекови права остро ги осудува обидите да се попречи уставно загарантираното право на мирен протест на средношколците.

Истовремено, оттаму, известуваат дека Комитетот ќе поднесе претставка до Министерството за образование и Државниот просветен инспекторат поради недозволивото однесување на директори на училишта, кои се обидоа со заплашување и закани да ги спречат учениците да излезат на денешниот Марш организиран од движењето Fridays for Future-Скопје и коалицијата Зелен фронт.

Покрај неприкосновеноста на правото на протест, ја нагласуваат и потребата од промена во образовниот процес, каде наместо да се добива демократска наобразба и охрабрување на учениците да ги практикуваат своите права, сведоци сме на автократски пориви на лица кои се на раководни позиции во образованието.

-На крај, последиците од загадувањето и климатските промени се проблем од кој се погодени сите граѓани. Затоа, протестите имаат голема важност во подигнувањето на свеста за потребата од сеопфатна акција и претставуваат легитимен притисок врз институциите за преземање покрупни чекори кон промена на горчливата состојба- стои во соопштението од Комитетот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот