Хелсиншки комитет: Бремените работничка која доби отказ ќе се врати на работа

Фото: Профимедиа

Од Хелсиншкиот комитет, наведуваат дека бремените работнички уживаат посебна заштита со македонското трудово законодавство.

Работничка на која непосредно откако го информирала работодавачот дека е бремена ѝ бил откажан договорот за вработување, побарала правна помош од Хелсиншкиот комитет, по што случајот е пријавен во Државниот инспекторат за труд кој по утврдена повреда го укинал решението за прекин на работниот однос и му наложил на работодавачот да ја врати работничката на работа.

Работодавачот, како што информирата од Хелсиншки комитет, ѝ го врачил отказот на работничката додека таа била на боледување, со образложение дека неоправдано отсуствувала од работа во претходниот период, што претставува повреда на одредбите на Законот за работни односи, иако за истото таа никогаш претходно не добила никакви предупредувања.

– Случајот е пријавен во Државниот инспекторат за труд кој по спроведениот вонреден инспекциски надзор утврди повреда на Законот за работни односи од страна на работодавачот и дискриминација на работничката. Државниот инспекторат за труд со свое решение го укина решението за прекин на работниот однос на работничката и му наложи на работодавачот да ја врати работничката на работа. Работодавачот постапи по наредбата на Државниот инспекторат на труд и ја врати работничката на нејзиното работно место- информираат од Хелсиншки комитет.

Од Хелсиншкиот комитет, наведуваат дека бремените работнички уживаат посебна заштита со македонското трудово законодавство.

– Работодавачот не смее да и го откаже договорот за вработување на работничката за време на бременост, ниту за време на отсуство заради боледување. Доколку работничката сторила потешки прекршувања на договорните обврски, може да и биде откажан договорот за вработување, само по претходна согласност на синдикатот чиј член е работничката или по добиена согласност од Државниот инспекторат за труд, се вели во соопштението од Хелсиншкиот комитет.

Овие дејствија на работодавачот претставуваат директна дискриминација врз работничката на основа на нејзиниот пол, род и личен статус и се забранети со Законот за работните односи и Законот за спречување и заштита од дискриминација.

Овој случај, се вели во соопштението до Хелсиншкиот комитет, ја отсликува честата практика на работодавачите да ги дискриминираат жените врз основа на пол, род, лично својство, семејна или брачна состојба и ја потврдува особената ранливост и подложност на дискриминација на бремените жени во областа на вработувањето и работните односи.

– Ваквите случаи дополнително ја акцентираат потребата за усогласување на домашното трудово законодавство со она на Европската унија и со стандардите на Меѓународната организација на трудот, се со цел подобра превенција и заштита од дискриминација на жените во областа на вработувањето и работните односи, стои во соопштението.

Од Хелсиншкиот комитет за човекови права ги повикуваа сите доколку сметаат дека се жртва на дискриминација да го пријават случајот. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот