Хелсиншки комитет бара : Казни за кршењето на прописите за безбедност и здравје при работа за намалување на црниот биланс

Како во многу наврати претходно, Хелсиншки комитет, потенцира дека без темелен ангажман на сите чинители на системот за безбедност и здравје при работа, состојбата нема да се промени и дополнително ќе се влошува.

Последната вест за повреден работник, кој додека работел на бул. Борис Трајковски, паднал и се здобил со тешки телесни повреди, е уште еден повод за актуелизирање на прашањето за нефункционалноста на системот за безбедност и здравје при работа, наведуваат во соопштението од Хелсиншки комитет.

-Проблемот не го лоцираме во недостигот на законска регулатива, туку во недоследната имплементација на законите – и во однос на превенцијата на несреќи на работно место и во однос на санкционирањето на пропустите кои довеле до вакви инциденти. Според информациите кои Хелсиншкиот комитет постојано ги прибира од медиумите и од дневните билтени на Министерството за внатрешни работи, градежништвото е дејноста каде што се случуваат најмногу несреќи на работното место, по што следуваат повреди кај лица коишто самостојно вршат професионална дејност, односно земјоделците – трактористи. Во текот на последните три години може да се забележи загрижувачки тренд во однос на заштитата на работниците- наведуваат во соопштението од Хелсиншки комитет.

Прочитајте и...  Боли глава од пазарењето онлајн поради коронавирусот

Оттаму, соопштуваат дека во 2018-та година, според годишниот извештај на МЗЗПР, се случиле најмалку 124 несреќи при работа, од кои 33 биле фатални. Во 2019-та година, медиумите и МВР известија за најмалку 19 повреди на работно место со фатални последици, додека Хелсиншкиот комитет за човекови права бил директно известен само за еден процесуиран случај на несреќа при работа со смртни последици. Во конкретниот случај, Државниот инспекторат за труд, откако констатирал бројни неправилности, поднел кривична пријава против изведувачот како правно лице и против одговорното лице во правното лице каде што работел работникот. Во иста линија, Новата година ја започнавме со најмалку тројца повредени работници при работа и еден смртен случај.

Како во многу наврати претходно, Хелсиншки комитет, потенцира дека без темелен ангажман на сите чинители на системот за безбедност и здравје при работа, состојбата нема да се промени и дополнително ќе се влошува.

Прочитајте и...  Во Франција досега регистрирани 12.210 смртни случаи од коронавирусот

Во таа Хелсиншкиот комитет, ги сподели нивните препораки и апелира за нивна доследна примена за да се спречат и намалат црните статистики:

1. Државниот инспекторат за труд да спроведува темелна истрага во сите случаи на повреда при работа;

2. ДИТ да ја лоцира одговорноста за несреќите и соодветно да ги санкционира сите кои со непостапување или прекршување на законите и процедурите дозволиле да се зголемува низата вакви трагедии и

3. Работодавачите доследно да ги почитуваат законите и правилниците со кои се обезбедуваат безбедни работни услови, како единствен начин да се превенираат вакви и слични инциденти.

Прочитај повеќе

Халими за состојбата во Арачиново: Молитвите во џамиите се укинати, за среќа се уште немаме заболени лица

Слободен печат

САД има повеќе од 90.000 членови на екипажи заробени на крузери

Слободен печат

Садики за Студеничани: Немаме заразен од коронавирус, секојдневно сме во координација со полицијата

Слободен печат

Форбс: Поради економскиот крах 226 лица веќе не се милијардери

Слободен печат

Тринаесет новозаразени во Бугарија, вкупно 624 лица

Слободен печат

ИПИ: Загрозена слободата на медиумите во Европа во време на здравствена криза

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Над 4.000 новозаразени за еден ден во Германија

Слободен печат

Еуроњуз: Нема сигурен лек за лекување на Ковид-19

Слободен печат

Над 450 илјади заразени, 16.111 починати лица од Ковид-19 во САД

Слободен печат

Денес од 16 часот во продолжен викенд карантин

Слободен печат

Кумуцакос: Правиме се што можеме за здравјето на бегалците и мигрантите на островите

Слободен печат

Уште една жртва од Ковид-19 во Албанија

Слободен печат