Хелсиншки апелира до МВР и ОЈО: Казни за говорот на омраза на прославата на плоштад

фото: Драган Митрески

По повод вчерашната прослава на ракометниот клуб „Вардар” до Хелсиншкиот комитет за човекови права пристигнаа голем број пријави за регистриран говор на омраза од страна на навивачките групи на градскиот плоштад и на социјалните медиуми. Исто така, забележан е говор на омраза и во другите градови во државата. Сите пријави се уредно регистрирани од страна на Комитетот, по што ќе следи соодветна реакција до надлежните институтции.

Од Хелсиншкиот комитет во денешното соопштение велат дека најголем број од пристигнатите пријави се однесуваат на говор на омраза врз етничка припадност.

– На градскиот плоштад беше скандирано „Нека разберат клетите шиптари. Чиста Македонија. Гасна комора” и друг навредлив и дискриминаторски говор. Со ова се предизвика раздор и нетрпеливост врз основа на етничка припадност, опишано во член 319 од Кривичниот законик, се додава во соопштението.

Хелсиншкиот комитет најстрого го осудува поттикнувањето на насилство и предизвикувањето на меѓуетничка омраза. Ги охрабруваме сите граѓани кои во текот на вчерашниот ден беа сведоци и/или жртви на говор и/или дела од омраза да го пријават својот случај во Хелсиншкиот комитет и на www.govornaomraza.mk.

Од Хелсиншкиот комитет апелираат до Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство да ги истражат овие случаи и да ги преземат сите мерки согласно позитивните законски прописи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот