Hello, Moscow calling: Прв телефонски разговор меѓу Путин и Бајден по трансферот на власта во Вашингтон

Бајден и Путин/ Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Претседателот на САД, Џо Бајден и неговиот руски колега Владимир Путин, денеска го имаа првиот телефонски разговор по трансферот на власта во Вашингтон. Од Белата куќа изјавија дека разговорот бил по иницијатива на руската страна.

– Владимир Путин му честиташе на Џозеф Бајден за почетокот на работата во својство на претседател на САД. Истакна дека нормализацијата на односите меѓу Русија и САД би била од интерес на двете земји и со оглед на нивната одговорност за оддржување на безбедноста и стабилноста во светот, тоа би било од интерес и на меѓународната заедница, се вели во денешното соопштение од Кремљ.

Главни теми на разговорот биле повлекувањето на САД од Договорот за отворено небо, проблемите со Заедничкиот продлабочен план за акција (нуклеарниот договор со Иран), регулирање на конфликтот во Украина, борбата со ковид-19.

Двајцата лидери, исто така, разговарале и за Договорот за ограничување на стратешкото нуклеарно вооружување.

– Во најскоро време, двете страни ќе ги завршат неопходните процедури за натамошно функционирање на тој важен меѓународно-правен механизам за заемно ограничување на ракетно-нуклеарните арсенали, се прецизира во соопштениеот на Кремљ. Договорот истекува на 5 февруари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот