Хеликоптери ќе го гасат пожарот кај Пехчево, најавена помош и од Бугарија

Фото: Facebook

Преземени се мерки и побарана е помош од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и во најскоро време треба да пристигнат два хеликоптери за гаснење на пожарот, истакна градоначалникот на Пехчево Драган Тренчовски по штотуку завршениот состанок на Кризниот штаб на кој беа утврдени насоки на делување за справување со пожарот.

– Лоша е стуацијата со пожарот, бидејќи се префрли и дојде во делот над селата Робово и Умлена. Пожарот е високо на шумските предели над селата, но се шири на голема површина. На терен се екипи на ТППЕ од Берово и Пехчево, како и од Шумското стопанство, Центарот за управување со кризи и ДЗС, а имаме насоки дека ќе добиеме поддршка од воздух, односно треба да пристигнат два хеликоптера. Исто така, имаме насоки дека ќе добиеме помош од соседна Бугарија од каде е испратена екипа со 25 луѓе, изјави Тренчовски.

Ако продолжи со исто темпо пожарот, додаде, и во текот на утрешниот ден имаме најва за дополнителни два хеликоптери за гаснење, како и помош од Словенија.

– Хеликоптерите треба да пристигна за неполни два часа и се надевам дека ќе успееме да го локализираме пожарот. Непристапниот терен и ветерот ја прават ситуацијата лоша, имаме луѓе на терен, а очекуваме да се вклучи и армијата, потенцира Тренчевски.

ФОТО+ВИДЕО | Алармантно: Голем пожар во близина на Пехчево

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот