ХЕЛИКОПТЕР СЕ ЗАБИ ВО СОЛИТЕР ОД 54 КАТА НА МЕНХЕТЕН: Има мртви! (ВИДЕО)

Хеликоптер се урна врз облакодер на Седмата авенија на Менхетен, објавија на социјалните мрежи протоивпожарната служба на Њујорк.

По несреќата, којашто се случила по дождливо време, започната е масовна акција на сите спасувачки служби, пренесуваат американските медиуми.

Жителите се повикани да ја ибегнуваат областа меѓу 51-та улица и Седмата авенија, поради доаѓањето на полициските, противпожарните и возилата на итната медицинска помош.

Засега точно не се познати причините за несреќата.

„Службениците на противпожарната служба на Њујорк се наоѓаат на Седмата авенија, бр. 787. Тешко приземјување хеликоптер“, објави службата на Twitter.

Телевизиската мрежа  NBC News повикувајќи се на извори во полицијата пренесува дека хеликоптерот се урнал на покрив на деловна зграда од 54 ката.

Според податоците на телевиијата CNBC, на покривот од облакодерот на кој паднал хеликоптерот кој при падот се запалил, се одвива евакуација. Телевизијата CNN, пак, јаува дека во тешкото приземјување на леталото во услови на лошо време загинало едно лице.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот