Хеликоптер се урна во Грција

Хеликоптер фото МИА

Приватен хеликоптер, во кој освен пилотот се превезувале уште две лица, од засега непознати причини, попладнево се урна во близина на грчкиот остров Порос, jави дописничката на МИА од Атина.

Портпаролот на грчката крајбрежна служба, Никос Лагадианос, говорејќи за државната телевизија ЕРТ, истакна дека според првичните информации, во хеликоптерот имало три лица, пилотот кој е Грк и двајца патници – странски државјани. Хеликоптерот тргнал од месноста Галатас наспроти островот Порос, а крајната дестинација бил атинскиот аеродром „Елефтериос Венизелос“.

Лагадианос наведе дека во акцијата на грчката крајбрежна служба на местото каде што се урна хеликоптерот, пронајдени се остатоци, но не и кабината.

Според првичните неофицијални информации, хеликоптерот најверојатно удрил во далновод и паднал во морскиот дел на островот Порос што се наоѓа 58 километри јужно од атинското пристаниште Пиреас. По падот на хеликоптерот, на островот во прекин е снабдувањето со електрична енергија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот