Хелен Мирен и Енди Мекдауел воодушевија на Канскиот филмски фестивал: Заиграа на црвениот килим

хелен мирен
Хелен Мирен и Енди Мекдауел / Фото: EPA-EFE

Легендарните актерки Хелен Мирен и Енди Мекдауел го донесоа шармот на Холивуд на црвениот тепих во Кан и танцуваа пред премиерата на филмот „Mother and Son“.

76-годишната Мирен носеше сребрен фустан со светки, а 64-годишната Мекдауел се одлучила за елегантен фустан со пруги. Двете актерки последен пат соработуваа заедно минатата година на филмот „On the Edge“.

хелен мирен
Хелен Мирен и Енди Мекдауел / Фото: EPA-EFE/GUILLAUME HORCAJUELO

Вчера на Канскиот филмски фестивал пристигнаа расположени и решија да ги покажат своите танцови вештини.

На црвениот тепих продефилираа и Стефани Бак, Анабел Ленгрон и Ахмед Сила, актерите од филмот „Mother and Son“.

хелен мирен
Хелен Мирен и Енди Мекдауел / Фото: EPA-EFE/GUILLAUME HORCAJUELO

Филмот ја раскажува приказната за преселувањето на Африканката Роуз и нејзините синови Ернест и Жан од Брегот на Слоновата Коска во Париз. Прикажани се подемите и падовите кои ова семејство ги доживелае по пристигнувањето во Франција. Режисерка на филмот е Леонор Сереј, која е еден од петте режисери кои се натпреваруваат за Златната палма.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот