Хејтерски хороскоп: Овенот и Лавот се диктатори, Близнаците се деликвенти во обид, Водолиите егоисти, Рибите плачковци…

Кои се лошите страни на вашиот знак?

Дали Бикот е навистина глава на семејството, Овенот водач, а Вагата љубовџија?

Прочитајте и размислете уште еднаш дали е навистина така.

Овен

Водач, ама многу лош водач. Размислете само, сите диктатори кои не се Лавови се родени во знакот на Овен. Подобро е да не биде на висока функција за да не загрозува туѓи животи. Арогантен е, раздразлив и многу импулсивен. Горд е ако ви каже сè што мисли, а фактот дека подоцна ќе паднете во депресија веќе не е негов проблем. Овенот ги заведува сите, ги менува партнерите како чорапи, склон е кон авантури. Тој секогаш верува дека веќе докажал што може и повеќе не треба да прави ништо, освен да наредува. Не дај боже: Да го прашате што мисли за вас. Ќе следуваат навреди.

Бик

Манипулатор и опсесивен „ждерач“. Ќе се претстави како да е господ, зашто сака пофалби пред луѓето. Жените родени во овој знак се склони на хистерија, доминација, напади на сите – од родените деца па до широките народни маси. Мажите Бикови пак, од куќата ќе направат касарна, ќе ги претставуваат домашните како негови потчинети и брзо ќе го заборават шармот и спокојството со кое обично ги лажат луѓето. Во најдобар случај покрај нив ќе се чувствувате како овчар, во најлош случај – како гладијатор кој се тресе за своето здравје и живот. Ќе ви изеде сè што имате во фрижидер, зашто Бикот едноставно е незаситен. Не дај боже: Да живеете во куќа со два Бика, по можност сопружници.

Близнаци

Деликвент во обид. Едно ќе ти каже во петок, друго во сабота. Се „палат“ на работи на кои не се „пали“ ни дете од седум години и ќе се докаже на сите можни начини типични за тинејџерите. Ако треба, за внимание, ќе се истетовира на 50-годишна возраст. Близнаците се големи неработници, освен ако не се во центарот на вниманието и освен ако не добијат громогласен аплауз за сè што прават. Затоа тешко е да најдат постојана работа, бидејќи кога-тогаш го покажуваат своето незрело лице во канцеларијата. Склони се кон краткорочни опсесии. Не дај боже: Со нив да се искарате.

Рак

Мелодрама и егоизам во пакет. Ве предупредуваат на својата ранлива душа, а всушност тоа го прават само за да ги слушате, да кукаат за сè што не им оди – а тешко и дека нешто им оди – и имаат тенденција од вас да направат тоа што не сте. Немаат многу фантазија, ниту смисол за убаво. Сакаат да бидат сакани, ама 24 часа дневно, како да бараат гејша или евнух кој постојано ќе биде со нив. Се прават продуховени и начитани, а нивното образование во најголем број случаи е само парада, како и емоциите. Не се разбираат во популарна култура, зашто таа постојано се менува, за разлика од историјата и географијата кои ги менуваат само војните и природните катастрофи. Ќе учат сè, ама нема ништо да запомнат. Ни после 10 години нема да знаете ни третина работи во врска со нив.
Не дај боже: Да ви готват.

Лав

Политичар и сплеткарош. Помислете само, сите оние диктатори кои не се Овни, се Лавови. Способни се да предизвикаат катастрофи од разни видови – од олуја на сопствениот роденден па до масовни егзодуси. На најголем дел од луѓето гледаат како на младински камп на кои сè треба убаво да им се објасни. Идеални учители се, но лоши ученици. Врвни говорници, очајни слушатели. Се вадат на тоа дека ќе ја спасат планетата, а всушност сакаат само моќ со која ќе го покорат светот. Мрзливи се да основаат политичка партија, во најдобар дел на случаи ќе се филтрираат во некоја друга и ќе им го спречуваат патот до врвот на колегите. Мрзливи се да бидат ѕвезди на претставата, ама ќе се уфрлат како статисти и набрзо ќе бидат на сцената. Не дај боже: Да не се согласувате со нив.

Девица

Во брак се со работата. Цепидлаки. Воркохоличари. Перфекционисти. Првата љубов им била пчеличката во градинка, првиот бакнеж – на натпревар за најдобар есеј за некоја историска личност. По разделбата со образованието, влегуваат во вечен брак со работата и оваа љубов е загарантирана до гроб. Останати работи тешко дека ќе ги интересираат. Не се класични кариеристи, туку само се опседнати со работата. Прават планови, листи, списоци, табели, поседуваат нотеси, адресари, телефонски именици, планери и налози на „to-do“ апликации на Интернет. Не дај боже: Да полудат, па да морате да се грижите за нив.

Вага

Лошковци во кожата на Мајка Тереза. Би го спасиле цел свет, би ги прегрнале сите деца, би ги нахраниле сите гладни во Африка и би граделе куќи во Јапонија додека истовремено целата радијација ја примаат на себе. Класични жртви, воглавно без способност да се спротистават. Во група се моќни и зајадливи, а кога се осамени се како шекспировски глумци и ликови од романите на Дикенс – нежни, ама мрачни. Во состојба се да направат многу повеќе отколку сите заедно, ама тешко дека нешто прават за свое добро. Посилните Ваги достигнуваат зен кога ќе се ослободат од сите стеги, но тогаш многу лесно ќе станете зависни од нив и нема веќе ништо да можете да одлучите без нив, како разумот комплетно да ви испарил. Благодарение на ова го добиле статусот на најголеми заводници во зодијакот, што не вреди баш многу, зашто не се верни. Не дај боже: Да се врзете.

Шкорпија

Бомба спремна за експлозија. Не се согласуваат со вашето несогласување со нив. Зашто тие секогаш знаат подобро, знаат повеќе и немате право да ги напаѓате. Тешки злопамтила се. Се сеќаваат на денот кога сте им ја искинале сликовницата и со задоволство ќе ви вратат кога-тогаш. Ќе ви направат скандал. Редовно и отворено претат, а клетвите им се прилично полни со фантазија. Имаат список на луѓе за кои мислат дека се кретени, а често и листа за отстрел. Се гордеат на својто знак и на тоа што се. Не дај боже: Да играте со нив некоја друштвена игра.

Стрелец

Амбициозен аутсајдер. Површен, невнимателен. Не сака многу да работи, ама го цени успехот. Не сака да постапува по тоа што црквата му наметнува, ама ќе се држи до бог како пијан пилот, зашто некој мора да ги оправда неговите грешки. Зборува едно, прави друго, а цело време мисли на трето. Во состојба е одеднаш да одлучи да си го промени целиот живот, а во таква ситуација брише се од претходниот – работа, имиџ, интереси, пријатели, ако треба и партнерот. Секогаш чезнее за нешто што нема, или за нешто што некогаш го имал. Ги меша верувањата како состојки за чорба, а истото тоа го прави и со филозофиите. Накусо, не знае што прави, ама би го правел тоа. Не дај боже: Да работите заедно.

Јарец

Авторитативен владетел од сенка. Игнорира се со што не се согласува. Не отстапува од однапред зацртаните норми и правила. Тврдоглав до таа мера која останатите единсаесет хороскопски знаци не можат да ја сфатат. Не можат да прифатат пораз и ќе се враќаат во игра се додека срцето им чука. Не простуваат. Попуваат. Љубоморни се на туѓите партнери, на туѓите автомобили, на туѓите успеси…накусо, туѓото е послатко. Децата ги манипулираат „до даска“, најчесто некаде во нив лежи исфрустриран „вундеркинд“ одгледуван од пар полудени преживари. Не дај боже: Да сте сопружници.

Водолија

Тие, па после останатиот свет. Роботи. Егоисти до ненормални граници. Вистински хејтери. Склони кон сексуална настраност, комбинации, варијанти и шеми. Во крв им е сите други луѓе да ги гледаат како шарлатани, будали и аутсајдери, зашто само тие го гледаат светот како што треба. Ако ним не им е добро, не треба ни вас да ви биде добро, зашто нивниот идентитет е над вашите чувства. Не би ја препознале модата ни да ги удрат по глава, ама се оправдуваат дека се ексцентрични. Им веруваат само на другите Водолии – тие се како клан, како секта. Не дај боже: Да им кажете нешто убаво.

Риби

Плачковци. Не се вистински хејтери, но во состојба се очи да ви извадат. Сакаат публика, животот им е драма. Склони на наркотици, иако се „надрогирани“ по природа. Ако немаат пари за пијалок, цигари…, ќе се прејадат. Нема шанси да се скротат пред 40-та година, кога конечно ќе дојдат до пари. Тогаш ќе родат куп деца, па пак ќе останат без пари, и сè одново ќе почне. Уста не затвораат. Ве тераат да се воодушевувате на нивните таленти. Сè мириса на нивната романтика налик на мастика за џвакање, а вие знаете дека тоа било во мода во 50-те години на минатиот век. Ако се верници, постои голема шанса да влезат во секта, која после сами ќе ја преземат. Не дај боже: Да ги слушате нивните исповеди.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот