Хегел: Подобро е да се бориме и да изгубиме битка отколку никогаш да не се бориме

Хегел
Фото: Instagram

Последниот великан на класичната филозофија, Хегел ни остави во аманет голема животна мудрост. Георг Вилхелм Фридрих Хегел (1770 – 1831) бил германски филозоф кој важи за еден од најголемите и најважните филозофи на сите времиња.

Роден е на 27 август 1770 година во Штутгарт, а починал како жртва на епидемијата на колера, на 14 ноември 1831 година во Берлин.
Хегел бил еден од иницијаторите на германскиот идеализам, кој се развил пред крајот на 18-ти век. Нејзини главни претставници, освен Хегел, биле Фихт и Шелинг.

Ви ги донесуваме неговите најважни мудрости:

• Подобро е да се борите и да изгубите битка отколку никогаш да не се борите.
• Историјата има тенденција да се повторува: прво како трагедија, второ како фарса.
• Пријателството може да постои само меѓу оние кои се еднакви по моќ.
• Храброста што се бори е подобра од слабоста што трае.

• Човек мора да знае дека смртта не се шегува со него.
• Кој мудро го гледа светот, него и светот го гледа мудро.
• Ништо големо на светот не е постигнато без страст.
• Вистинска будала е човек на кого му бараат искрено мислење и тој им го дава тоа.
• Да се биде независен од јавното мислење е првиот чекор кон постигнување на нешто големо.

• Познавањето на вашите граници значи да можете да се жртвувате.
• Пред човекот навистина се поставени огромни задачи
• Од историјата учиме да не учиме од историјата.
• Што треба да биде, но не е – тао нема вистина.
• Послушноста е почеток на секоја мудрост.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот