ХДЗ за случајот „Фими Медиа“: Не прифаќаме колективна одговорност, ќе поднесеме жалба на судската пресуда

Фото: icv.hr

Владејачката Хрватска демократска заедница (ХДЗ) соопшти дека не прифаќа колективна одговорност по повод денешната пресуда на Жупанискиот суд во Загреб, со која на партијата и беше изречена казна од 3,5 милиони куни (околу 460.000 евра) и најави жалба

Во соопштението на ХДЗ се наведува дека партијата, без да навлегува во основаноста на пресудата, ја отстранува секоја колективна одговорност на членовите на партијата, како и поврзаноста на сегашното раководство со индивидуалните дејства што се предмет на оваа постапка.

Покрај затворската казна за Санадер, парична за партијата: ХДЗ ќе плати околу 460.000 евра за случајот „Фими медиа”

Со поддршка, како што велат, на независната и автономна работа на судските тела, одговорноста на ХДЗ, како правно лице, произлегува од вината на одговорните лица, односно поранешниот претседател на партијата, Иво Санадер и други осудени лица, објави загрепската Н1 телевизија.

Повторното судење на Санадер и ХДЗ во случајот „перење пари од маркетинг компанијата Фими медиа” започна во 2016 година, откако Врховниот суд ја поништи пресудата од 2013 година.

Иво Санадер денеска е прогласен за виновен и осуден на осум години затвор за извлекување пари од маркетинг агенцијата „Фими Медиа”. Во овој случај, неговата партија ХДЗ е прогласена за одговорна за корупција.

Хрватска му пресуди: Иво Санадер доби осум години затвор за аферата „Фими Медиа”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот