Хаверц од Баер во Челси за 89 милиони фунти!

фото: твитер

Како што информира германскиот „Скај“, Челси се договори со Баер Леверкузен за обезбедување на услугите на Каи Хаверц.

Изворот вели дека трансферот на германскиот репрезентативец во редовте на лондонскиот клуб вреди 89 милиони фунти.

Како Челси потроши 250 милиони евра за засилувања и не се наоѓа под лупа на УЕФА

И натаму нема најави за одржување на потребните лекарски прегледи, но можно е истите да бидат направени после репрезентативните обврски.

Хаверц е моментно на подготовките со германската селекција за дуелите против Шпанија и Швајцарија.

Во меѓувреме, Баер Леверкузен изрази желба да го доведе на позајмица централниот бек на Челси, Маланг Сар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот