Хауард: Нема да играм кошарка додека не се решат проблемите!

Сега кошарката не е неопходна, забавата само ќе биде за дефокусирање, вели членот на „езерџиите“.

Центарот на Лос Анџелес Лејкерс се согласува со Кајри Ирвинг и моментно е против продолжување на сезоната во НБА.

Осумкратниот „Ол стар” играч, Двајт Хауард вели дека сега има поважни работи од кошарката, насочени кон расната дискриминација и нема да игра кошарка сè додека не се решат проблемите.

Сега кошарката не е неопходна, забавата само ќе биде за дефокусирање. Секако, ова не може да ги дефокусира играчите, но имаме ресурси што повеќето во заедницата не можат да си ги дозволат. Не би сакал ништо друго освен да ја освојам титулата во НБА, но моментно е поважно да се обединам со мојата заедница. Тоа е поголемата титула, премногу е убаво за да не го следам. Има ли подобро време од сега па натаму да се фокусираме на нашите семејства – се зборовите на Хауард, осумкратниот „Ол стар“ играч.

Според него, европската колонијализација ги лишила од нивната богата историја и тие допрва треба да седнат и да размислуваат за работите.

Колку помалку дефокус, толку повеќе време за активности, кои имаат за цел да се откриеме самите себе. Државите потекнуваат од семејствата. Афроамериканците не се нација. Време е нашите семејства да станат свои нации. Ние нема да играме кошарка сè додека не ги решиме нашите проблеми – додаде Хауард во изјава за „Си-Ен-Ен“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот