Хашки обвинител: Ќе ги гониме оние кои ќе го откријат идентитетот на сведоците против ОВК

epa08536463 Kosovo War veterans wear face masks showing the logo of Kosovo Liberation Army (KLA) during a protest in Pristina, Kosovo, 09 July 2020. Kosovo war veterans protested against the Specialist Prosecutor's Office (SPO) Indictments for the Court's consideration, charging Kosovo President Thaci and other former KLA fighters with a range of crimes against humanity and war crimes, including murder, enforced disappearance of persons, persecution, and torture. EPA-EFE/STR

Обвинителот за воени злосторства на ОВК Џек Смит предупреди вечерва дека кривично ќе ги гони лицата кои ќе го откријат идентитетот на потенцијалните сведоци или ако помогнат во тоа, објави Бета.

Во пишаната изјава по повод тврдењата на Здружението на воени ветерани на ОВК дека непознати лица му доставувале многу документи на судот во Хаг, обвинителот Смит нагласи дека тоа здружение „повеќе пати се впуштало во активности, кои, верувам се насочени кон минирање на соодветната примена на правдата“.

Како што пишува во изјавата која ја пренесе неговиот портпарол Кристофер Бенет, обвинителот забележал дека многу новинари на Косово „јасно рекле дека таквите активности го минираат владеењето на законот и курсот на правдата“.

Со пофалба на новинарите кои одбиле да објават содржини од документите кои ги добиле од Здружението на воените ветерани на ОВК, како и на оние кои тие документи доброволно ги предале во судот, обвинителот назначи дека тие сфатиле дека „учеството во делењето на таквите информации би можело да претставува кривично дело според Кривичниот законик на Косово“.

„Специјалното обвинителство е посветено на истрага и кривично гонење на поединци кои сториле такви кривични дела, вклучувајќи и откривање идентитет на лица кои би можеле да бидат повикани на суд или било какви информации кои можат да доведат до нивна идентификација“, предупреди обвинителот Смит.

(Бета)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот