Хашим Тачи: Заев ми телефонираше, ми се извини за разговорот со Русите

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

По прошталната средба со шефицата на ЕУЛЕКС во Косово, Александра Пападопулу, косовскиот претседател Хашим Тачи беше запрашан за разговорот на македонскиот премиер Зоран Заев со руските комичари, на кои им кажал дека постои план за поделба на Косово.

Тачи рече дека Заев му телефонирал синоќа и му рекол оти она што го разговарал е базирано на руски гласини.

– Јас синоќа имав телефонски разговор со Заев, околу 20 минути, тој ме повика за да се разјасни со тоа што тој разговарал со луѓето што го побарале. Јасно ми кажа дека ова е околност каде што тој бил измамен. Наводно дека информацијата за 10-те општини што ќе им бидат дадени на Србија се базирани на гласини и дезинформации, како и на податоците од весникот Спутник и руските гласини. Тој ми се извини мене лично и на Косово и во исто време истакна дека тоа што тој го зборувал со измамниците кои го побарале на телефон, дека нема ниту еден факт, какви било докази или официјални информации за тоа што тој го изјавил, туку се е базирано врз гласини – изјави Тачи.

Запрашан какви ќе бидат сега односите со соседна Македонија, Тачи рекол дека тие ќе продолжат да бидат добри.

– Односите со Македонија биле и ќе останат коректни, Косово ќе продолжи да ја зајакнува својата евроатланска перспектива – изјавил Тачи, пренесува Газета Експрес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот