Хашим Тачи го разреши неговиот советник, медиумите го информирале дека бил агент на српската БИА

Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

По известувањето на телевизија Т7, косовскиот претседател Хашим Тачи одлучил да го разреши од функцијата советник, Бранислав Николиќ, пишува Газета Експрес.

Телевизија Т7 вчера известуваше дека Николиќ бил дел од српската разузнавачка служба (БИА). Николиќ како советник на косовскиот претседател Хашим Тачи, работел од 2016 година.

Во соопштението за неговото разрешување, од Канцелријата на Тачи велат дека немале претходни информации во врска со функционерот, кој три години по ред го советувал косовскиот претседател.

„Канцеларијата на Претседателот на Република Косово потврдува дека немаше претходни и официјални информации од безбедносните институции во Косово за евентуална вклученост на г. Бранислав Николиќ во сомнителни активности, за кои се известуваше во медиумите“, се вели во соопштението.

Меѓутоа, од канцеларијата на Тачи велат дека токму врз основа на известувањата на медиумите Бранислав добил отказ.

„И покрај тоа, Кабинетот на претседателот сериозно ги сфаќа медиумските известувања, за можна вмешаност на г. Николиќ во сомнителни активности, без разлика дали тоа се криминални дејствија или активности кои ја нарушуваат националната безбедност. Тргнувајќи од принципот на почитување на законот треба да им се даде простор на безбедносните власти да спроведат независни истраги за овој случа. Претседателот на Република Косово, Хашим Тачи, врз основа на неговите уставни и законски овластувања, денеска го ослободи од должноста политички советник, г. Бранислав Николиќ“,  се додава во соопштението

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот