Хашим Тачи го одликува Бил Клинтон со Орден на слободата на Косово

Косовскиот претседател Хашим Тачи го одликува денеска поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави Бил Клинтон со високото државно признание на Косово, Орденот на слободата, јави дописникот на МИА од Приштина.

Тачи во оваа прилика изјави дека „нема одликување со кое може да се награди придонесот на Клинтон за слободата на албанскиот народ во Косово“.

Клинтон, кој допатува денеска во Приштина за да учествува на утрешната прослава на 20-годишнината од влегувањето на силите на НАТО во Косово, изјави дека „Косово е пример за демократија и посветеност на развојот и на животот во мир со соседите“.

– Косово заслужува да биде во Европската унија и во НАТО како независна држава – изјави Клинтон.

Како претседател на САД, Клинтон во 1999 година беше главниот поборник за интервенцијата на НАТО против тогашна СР Југославија, што, по 78-дневната воздушна кампања, резултира со повлекување на југословенската војска и полиција и распоредување сили на НАТО во Косово. Денот на влегувањето во земјата на копнените единици на Алијансата, 12 јуни, во Косово се слави како ден на ослободувањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот