Хасани на онлајн состанок со министрите за одбрана на СЕДМ

Заменик министерот за одбрана Башким Хасани денеска преку видео конференциска врска учествуваше на состанокот на министрите за одбрана на земјите членки на процесот на соработка на Југоисточна Европа, каде ја утврдиле заложбата за зајакнување на политичката и воената соработка, со цел унапредување на безбедноста.

На состанокот се дискутирало и за тековниот статус на воспоставените проекти во рамките на СЕДМ процесот при што се одобрил и Годишниот план на активности кои се од суштинско значење за функционирање на СЕЕБРИГ во текот на 2021 година.

Како што соопштија од Министерството за одбрана, министрите ги размениле своите гледишта по однос на регионалната безбедност и ги разгледале можностите за понатамошно унапредување на меѓусебната соработка на полето на одбраната.

Исто така, на состанокот била потврдена заложбата за зајакнување на политичката и воената соработка во Југоисточна Европа, со цел унапредување на регионалната безбедност, стабилност и добрососедските односи.

-СЕДМ претставува процес на соработка меѓу Министерствата за одбрана на земјите од ЈИЕ. Суштината на процесот е јакнење на политичко-воената соработка во регионот, со цел подобрување на стабилноста и безбедноста во ЈИЕ, промоција на eвроатлантските интегративни процеси на СЕДМ земјите – членки и унапредување на соработката со меѓународните организации (ОН, ЕУ, НАТО и ОБСЕ). Во моментов (2019–2021) со координативните тела на СЕДМ иницијативата претседава Република Албанија, соопштија од Министертсвото.

Оттаму потсетуваат дека еден од најзначајните проекти на СЕДМ процесот е бригадата на Југоисточна Европа, чие седиште од август 2020 до август 2026 година е со постојана локација во Куманово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот