
Хасанефендиќ: За Македонците пласманот во вториот круг на СП нема да биде проблем
Светското првенство во ракомет во машка сениорска конкуренција започна во вторникот, овој шампионат ќе трае до 2 февруари и ќе се одржува во три земји: Данска, Норвешка и Хрватска.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Во оваа прилика „Балкан-Хандбал“ разговараше со Сеад Хасанефендиќ, еден од најуспешните ракометни тренери од овие простори.
Македонската репрезентација е во групата Д и во хрватскиот град Вараждин ќе игра против Унгарија, Холандија и Гвинеја.
Официјалниот распоред и термини на одигрување на натпреварите на македонската репрезентација е следен:
15.01.2025 – Унгарија – Македонија – 20:30 часот
17.01.2025 – Холандија – Македонија – 18:00 часот
19.01.2025 – Македонија – Гвинеја – 20:30 часот
Првопласираните три репрезентации од секоја група ќе обезбеди пласман во следната фаза, а според Хасанефендиќ пласманот во вториот круг за Македонеците нема да биде проблем:
– Што се однесува до Македонија, Кире Лазаров прави навистина одлична работа, во тоа нема сомнеж. Тоа беше евидентно од самиот почеток, а сега се потврди и низ неговата клупска кариера каде работи со исклучително млади играчи. Кире ја следи модерната игра, ги води играчите, и што е исклучително важно, тие го следат во неговите идеи. Мислам дека пласманот во вториот круг нема да биде проблем за Македонците, но што ќе се случи таму е прашање.
Тие се соочуваат со Холандија и Унгарија, кои не се лоши селекции и кои имаат свои сили. Македонија има младост, има дисциплина, има одлична игра, игра сè подобро и подобро. Сега сè зависи од многу фактори, од голманот, од играчите, од тоа дали се избрзани во некои завршни моменти. Предизвикот би бил да се пласираат во четвртфиналето и би рекол дека тоа треба да биде нивната цел – вели Хасанефендиќ.