Хасан: Турција е еден од најголемите инвеститори во Северна Македонија - Слободен печат

Хасан: Турција е еден од најголемите инвеститори во Северна Македонија

Министерот без ресор задолжен за странски инвестиции Елвин Хасан денеска во Гевзе, Турција оствари средби со две турски компании кои имаат реализирано инвестиции во Северна Македонија.

На средбата, како што соопшти прес-службата на министерот за странски инвестиции, било изразено задоволство од соработката, од двете страни, а министерот Хасан им укажа дека тие се само почетокот на она што следи, а тоа се новите инвестиции кои ќе се реализираат преку нив.

– Бизнис климата во Северна Македонија е навистина привлечна за странски инвеститори, а изборот на овие компании е доказ за тоа. Северна Македонија отсекогаш и во секој поглед добива поддршка од Турција, поврзаноста на двете земји и народи уште од минатото продолжува до денес, Турција е еден од најголемите инвеститори во Северна Македонија, а бројката очекуваме да расте, посочи министерот Елвин Хасан.

Пурпласт е компанија од автомобилска индустрија, која скоро потпиша договор за закуп на градежно земјиште. Фабриката ќе се гради во ТИРЗ Скопје 2, а ќе почне со работа наредната година. Пурпласт имаат свои фабрики во Република Турција, а компанијата која ќе ја градат во Северна Македонија им е прва инвестиција надвор од Турција. Почетната инвестиција ќе биде пет милиони евра, а ќе се отворат 100 работни места во првата фаза, се очекува да се развиваат повеќе фази. На средбата беше споделено дека Северна Македонија се покажала како најдобар избор во конкуренција со пет други земји кои биле разгледувани за реализирање на оваа инвестиција. Министерот Елвин Хасан го истакна своето задоволство од изборот кој го направиле и им се заблагодари за дадената доверба.

Втората компанија е за производство на жици и кабли која произведува за автомобилски потреби. Мурат Тиџарет Кабло е компанија која во 2017 година почна со градење на компанија во ТИРЗ Скопје 1. Нивната инвестиција чинеше 6,6 милиони евра, а имаат вработено 300 лица.

Прочитај повеќе

Пратениците ќе дебатираат за Законот за тутун

Слободен печат

Андоновиќ: Самитот во Берлин e обид да се отстрани „ризикот од вистинска регионална ескалација” во Либија

Слободен печат

Делови од Карпош утре ќе останат без струја

Слободен печат

Обвинителката Лиле Стефанова ќе сведочи за „Рекет“

Слободен печат

Ново рочиште за уривањето на комплексот „Космос”

Слободен печат

Делови од Карпош утре без струја

Слободен печат

Остави Коментар

seven − two =

Прочитај повеќе

Лондон и по Брегзит останува клучен светски финансиски пазар

Слободен печат

Близнаци од Аеродром тероризираат цела зграда, влегуваат во туѓи станови и сексуално се закануваат на жени

Слободен печат

Русија: Во експлозија на цевка од систем за греење загинаа пет лица

Слободен печат

Србија дневно губи повеќе од милион евра поради царините од Приштина

Слободен печат

Се урна пешачки мост во Индонезија, загинаа најмалку девет тинејџери

Слободен печат

Перишиќ: Македонските општини се најсиромашни во Европа, а можеби и пошироко

Слободен печат