Харви Вајнстин прогласен за виновен за силување и сексуално вознемирување

Фото: Твитер

Вајнстин е прогласен за виновен за сторено сексуално кривично дело врз една жена и силување друга жена.

Американскиот процудент Харви Вајнстин денеска во суд во Њујорк е прогласен за виновен за силување и сексуално вознемирување, јави Си-Ен-Ен.

Вајнстин е прогласен за виновен за сторено сексуално кривично дело врз една жена и силување друга жена.

Поротата во судот во Њујорк, сепак, го ослободи од натамошно гонење овој осрамотен холивудски продуцент за многу посериозните обвинувања за грабежлив сексуален напад врз две жени, Миријам Хејли и Џесика Ман. Имено, за овие обвинувања тој можеше да добие казна доживотен затвор.

Но, поротниците соопштија дека без сомнение утврдиле дека Вајнстин, исто така, ја силувал Анабела Скиора, уште една жртва чие сведочење обвинителите го користеа во обидот да го утврдат грабежливото однесување на продуцентот.

Минатата година Џенифер Анистон го нарече Харви „прасе“ и раскажа како тој ја терал да носи фустани од жена му. За каков однос имале со предаторот, јавно проговореа и познатите холивудски актерки Шарлиз ТеронСелма Хaек, Гвинет Палтроу… 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот