Харисон Форд се враќа на култната улога на Индијана Џонс за петтото продолжение на филмот

Instagram
фото: IMDB-принтскрин

Американскиот актер Харисон Форд ќе ја повтори својата култна улога на авантуристот Индијана Џонс во филмската франшиза на „Дизни“, пренесува „Би-би-си“.

Филмот, во режија на Џејмс Манголд, треба да биде петтото и последно продолжение за 78-годишниот актер како Индијана чија премиера е закажана за 29 јули 2022 година. Никој не го спомна Крис Прат, за кого се шпекулираше дека ќе се појави во филмот.

Во едно интервју во 2013 година, Харисон изјави дека е „сосема во ред“ да се врати во улогата на авантуристот.

Видовме дека карактерот се развива и расте одреден временски период и е сосема соодветно и во ред тој повторно да се врати со одличен филм“, тогаш изјави Форд, нагласувајќи дека Индијана Џонс не мора да биде толку акционен филм.

Instagram
Instagram

За мене, она што беше интересно за ликот беше тоа што тој преовладуваше, имаше храброст, беше духовит, интелигентен, исплашен а сепак успеа да преживее…“, вели Форд.

Instagram
Instagram

Актерот прват се појави во „Raiders of the Lost Ark“ во 1981 година, потоа во „Indiana Jones and the Temple of Doom“ во 1984, па во „Indiana Jones and the Last Crusade“ во 1989 година и во четвртото продолжение „Indiana Jones and the Kingdom of the Crystal Skull“ во 2008 година.

Instagram
Instagram

Петтото продолжение е во фаза на изработка, со неколку сценаристи се менуваат, но целиот проект забавува поради глобалната пандемија на коронавируси.

„Дизни“ го објави соопштението во виртуелната презентација пред инвеститорите каде ги откри плановите и за продолженија на „Star Wars“ и „Marvel“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот