Харисон Форд под истрага откако направи инцидент со авионот во кој управуваше тој!

Харисон Форд моментално е под истрага после инцидентот кој се случи на аеродром во Калифорнија. Американската Сојузна управа за авио-сообраќај (FAA) ги истражува околностите под кои актерот додека управувал со авион ја преминал пистата во моментот кога другиот авион се обидел да слета на аеродромот „Hawthorne“.

„FAA го истражува инцидентот во кој пилотот на авионот Aviat Husky поминал писта на општинскиот аеродром „Hawthorne“ додека другиот авион изведувал слетување“, известуваат.

Звучните записи од инцидентот откриваат дека операторот му кажал на Форд накратко да се задржи на пистата поради сообраќајот. После неколку моменти, со поостар тон оператотот ги повторил наредбите.

„Ви реков да се задржите кратко. Морате да слушате“, изјавил операторот.

„Извинете господине, го сфатив токму спротивното. Ужасно ми е жал“, бил одговорот на Форд.

Ова не е прв пат актерот да се најде во непријатна ситуација поради пилотирање. Всушност, во 2015 година бил приведен кога неговиот авион се срушил на голф-терен во Санта Моника, додека во 2017 година со својот авион слетал на погрешен дел од пистата во Калифорнија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот