Харисон Форд ќе ви каже која е тајната за успешниот брак

Парот наскоро ќе прослави 10-годишнина од бракот, а заедно се речиси 18 години…

Славниот актер Харисон Форд во интервјуто за магазинот „Parada“ беше прашан која е тајната за долготраен и успешен брак, а многу мажи кои се оженети сега ги шеруваат неговите зборови.

Имено, актерот духовито одговорил со 4 зборови, а „тајната“ е поедноставна отколку што мислите.

– Не зборувајте! Климајте со главата – изјави кратко славниот Форд кој е во брак со Калиста Флокхарт (55).

Парот наското ќе прослави 10-годишнина од бракот, а заедно со речиси 18 години. Тие се редок пар од Холивуд за кој се се зборува дека има стабилен однос.

профимедиа

Да се потсетиме, актерот и неговата сопруга се запознаа во текот на доделувањето на Златниот глобус во 2002 година, а се венчаа 8 години подоцна. Харисон од претходните бракови има 4 деца, додека Калиста има син кој го посвоила.

Многу трачеви го следеа парот во текот на 18-годишната врска, но Калиста секогаш истакнуваше дека тоа што од Харисон е помлада 22 години не е никаков проблем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот