Харис: САД се многу загрижени поради ситуацијата на полско-белоруската граница

Камала Харис/ Фото EPA-EFE/Samuel Corum / POOL

Вашингтон е „многу загрижен” за ситуацијата на границата меѓу Полска и Белорусија, изјави денеска американската потпретседателка Камала Харис.

– Што се однесува до Белорусија и она што се случува на границата со Полска, ние сме многу загрижени поради тоа и внимателно ја следиме ситуацијата. Режимот на Лукашенко спроведува многу загрижувачки активности. Тоа е нешто за што разговарав со францускиот претседател Емануел Макрон, а очите на светот и неговите лидери гледаат што се случува таму, истакна Харис на прес-конференција во Париз.

Таа порача дека Франција и САД ја потврдиле посветеноста на соработката во борбата против тероризмот, особено во регионот Сахел.

– Таму имаме заедничка грижа, која се однесува на актуелните предизвици со кои се соочуваат земјите околу Сахел. Меѓу многуте приоритети што ги споделуваме е загриженоста за тоа што треба да направиме за да се справиме со потенцијалното и сегашното насилство, додаде Харис.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот