Харис им оддаде почит на жртвите од нападите во 2015 година во Париз

камала харис париз комеморација
Камала Харис, потпретседателка на САД, во Париз / Фото: EPA-EFE/IAN LANGSDON

Потпретседателката на САД, Камала Харис, пред кафулето Каријон положи букет бели цвеќиња, во знак на почит на жртвите од нападите на 13 ноември 2015 година во Париз, јави дописникот на МИА.

Харис во придружба на нејзиниот сопруг, Даг Емхоф, која денес ја завршува четиридневната посета на Франција, положи букет во подножјето на плочата со која се оддава почит на жртвите од престрелките на терасите на Карион и ресторанот на Петит Кембоџ.

Претходно двете места ги посетија францускиот премиер Жан Кастекс и градоначалничката на Париз, Ан Идалго, кои дојдоа на скромна комеморација шест години по нападите во кои загинаа 130 луѓе во Сен Дени и во главниот град.

Потпретседателката на САД допатува во Париз со цел да се надмине француско-американската криза поврзана со австралиски подморници.

– Тоа беше многу продуктивно патување. Сега ни претстои многу дополнителна работа , посочи Харис.
Таа, по средбата со францускиот претседател Емануел Макрон и нејзиното учество на Парискиот мировен форум, како и на Меѓународната конференција за Либија, истакна дека партнерството меѓу САД и Франција останува и ќе остане многу силно.

Во средината на септември, САД и Австралија го омаловажија Париз со тоа што склучија одбранбен сојуз во Пацификот со Обединетото Кралство, познат по акронимот АУКУС. Вашингтон склучи договор со Канбера за подморници првично ветен на Франција.

ЕУ го осуди недостатокот на лојалност на САД во кризата со подморници

Пред Харис, американскиот државен секретар Антони Блинкен, тогашниот советник за национална безбедност во Белата куќа, Џејк Саливан, успеа во Париз да го смират гневот на Франција. Претседателот Џо Бајден, исто така, се сретна со својот француски колега Макрон на крајот на октомври во Рим и се согласи дека неговата влада „несмасно” се справила со оваа афера.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот