Харис го обвини Трамп за злоупотреба на овластувањата: Дали сите го слушнавте тој снимен разговор?

Новоизбраната потпретседателка на САД, Камала Харис изјави дека актуелниот претседател Доналд Трамп ги злоупотребил овластувањата.

– Дали сите го слушнавте тој снимен разговор? Тоа првенствено беше израз на очај, но и груба злоупотреба на власта од претседателот на САД, истакна Харис на митинг во Џорија за поддршка на демократските кандидати во вториот круг од изборите за Сенатот.

Десет поранешни министри за одбрана (Дик Чејни, Џејмс Матис, Марк Еспер, Леон Панета, Доналад Рамсфелд, Вилијам Коен, Чак Хегел, Роберт Гејтс, Вилијам Пери и Ештон Картер) во отворено писмо објавено вчера во Вашингтон пост бараат Министерството за одбрана да се воздржи од секакви политички акции кои можат да ги поткопаат изборните резултати или да наштетат на транзицијата на власт кон новата администрација.

Вашингтон пост претходно објави дека Доналд Трамп вршел притисок врз изборни службеници од Џорџија „да најдат доволно гласови” за да се избегне неговиот изборен пораз во таа држава.

ВИДЕО: Трамп вршел притисок врз изборни службеници од Џорџија за да избегне пораз

Вашингтон пост објави делови од аудио снимка од вчерашниот телефонски разговор во кој Трамп се обидел да пласира неосновани тврдења за изборни нерегуларности.

Весникот објави делови од едночасовниот разговор помеѓу Трамп и државниот секретар на Џорџија, републиканецот Бред Рафенспергер во кои тој му ласка, го моли, но и му се заканува ако не му помогне да го сврти својот изборен пораз од новоизбраниот американски претседател Џо Бајден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот