Хари Стајлс признал дека би бил во љубовна врска со жени – генерација на мајка му!

Instagram
Instagram

Популарниот пејач Хари Стајлс е познат по тоа што сака постари жени, а тоа го признал во едно интервју од почетокот на неговата кариера.

 

Instagram
Instagram

Поранешниот член на групата „ One Directon“,  признал во едно интервју од 2012 година, кое го дал кога имал само 18 години, дека излегува со која било дама без разлика на возраста, само да не биде постара од мајка му, но може да биде нејзина врсничка.

Instagram
Instagram

На прашањето „Која е горната граница за возраста на вашиот потенцијален партнер“, пејачот тогаш одговорил:

„Секоја жена постара од мајка ми Ана, која има 43 години“.

Instagram
Instagram

За пејачот уште тогаш се зборуваше дека е во љубовна врска со Натали Имбруглија, која во тоа време имаше 37 години.

Сепак, се чини дека неговиот вкус за жени постари од него не е многу променет од 2012 година. Хари беше викендов виден на свадбата на неговиот агент, на ранчот Сан Исидро во Монтезит, рака под рака со Оливија Вајлд, која е 10 години постара од него.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот