Хари Стајлс го освои црвенот тепих на Британските музички награди во уникатна модна комбинација

Instagram

Британскиот пејач Хари Стајлс го привлече вниманието на доделувањеото на Британските музички награди со својата интересна модна комбинација.

Пејачот Хари Стајлс доби уште едно музичко признание, но покажа и уште една незаборавна модна комбинација.

Поранешниот член на групата „One Direction“ ја освои својата втора награда по ред, овој пат за песната „Watermelon Sugar“, од неговиот втор албум „Fine Line“, во категоријата британски сингл на годината.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by One Direction (@onedirextion_ot5)

Покрај наградата, Хари, познат по својата модна естетика, го освои и црвениот тепих облечен во впечатлив костум на „Gucci“ од колекцијата „Aria“, во комбинација со уникатна чанта.

Стајлс носеше ретро костум од волна и свила, кој потсетува на стилот на костуми популарни во 70-тите години на минатиот век, а најголемо внимание несоменено привлече макро квадратниот принт. Тој ја заокружил стилската комбинација со соодветни антилоп чевли, кафеава кожна чанта со рачка од бамбус и голем број златни прстени и бел маникир.

Хари Стајлс е еден од славните личности со најголемо модно влијание, а неговите чанти во моментов се главни модни додатоци. Тој стана заштитно лице на брендот „Gucci“ во 2018 година, а неодамна се појави во шоуто „The Late Late Show“ со црна кожна торба „Jackie 1961“ што ја носеше заедно со капут од вештачко крзно со потпис на брендот „Gucci“.

Ѕвездата на филмот „Don’t Worry Darling“, благодарение на неговиот впечатлив стил со кој ги крши границите на модата, стана модна икона на црвените теписи, а честопати ги краси насловните страници на бројни списанија.

Позирајќи за насловната страница на „Vogue“ во декември 2020 година, Хари истакна дека да не се носи нешто само затоа што се класифицира како женска облека, автоматски ве исклучува од светот на одличната облека.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот