Хари пристигна во Канада каде ќе започне нов живот со Меган и Арчи

Принцот Хари изјави дека сакаат да продолжат да и служат на кралицата, но оти „тоа не е можно”.

Британскиот принц Хари пристигна во Канада каде што ќе живее со сопругата Меган и осуммесечниот син Арчи, по кризата во кралското семејство настаната со ненадејната објава дека се повлекуваат од кралските должности.

Војводата од Сасекс отпатува за Канада откако во неделата првпат се обрати до јавноста по објавувањето на Бакингемската палата дека тој и неговата сопруга се одрекуваат од титулата и нема да ја претставуваат кралицата Елизабета како членови на кралството семејство.

Принцот Хари изјави дека сакаат да продолжат да и служат на кралицата, но оти „тоа не е можно”.

Тој рече дека ќе „чекорат во непознато”, истакнувајќи дека „навистина немало друга опција”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот