Хари Кејн си заминува од Тотенхем, но останува во Лондон?!

Од Хари Кејн повторно се очекува да ги тресе мрежите/Фото: EPA-EFE/Andrew Couldridge

Капитенот на англиската репрезентација Хари Кејн, е одлучен да си замине од Тотенхем и за да ја оствари целта, тој е подготвен да бојкотира подготовките, односно да не се појави на тренинзите.
Дополнитело масло во огнот долеа новиот менаџер на Тотенхем, Нуно Еспирито Санто кој изјави дека Кејн останува, а тиа зборови само дополнително го налутија фудбалерот кој ниту разговарал ниту има намета да разговара со него.

Манчестер сити е прва опција за Кејн, „граѓаните“ се подготвени да понудат 90 до 100 милиони фунти плус Габриел Жесус, но викендов уште еден тим се вклучи во трката за одличниот напаѓач и и е доволно финансиски моќен за да ја плати бараната сума.

Тоа е актуелниот европски шампион Челси кој иако преговара со Борусија Дортмунд за трансфер на Ерлинг Халанд, англиските медиуми пишуваат дека претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, се согласил да размисли доколку пристигне евентуална понуда од „Стемфорд бриџ“.

Наводно, Тотенхем како дел од трансферот на Кејн го бара Тами Абрахам плус 100 до 120 милиони фунти. Ова барање на Леви е разумно за управата на Челси и тие се подготвени во текот на наредните денови да седнат на преговарачка маса.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот