Хари и Меган се дополнително деградирани? Службената страница на кралското семејство има нов изглед

Фото:инстаграм

Дали кралското семејство суптилно ги деградираше принцот Хари и Меган Маркл? Ако се суди по службената страница на семејството Royal.uk, војводата и војвотката од Сасекс спуштени се неколку места  на  пописот од негови членови.

Имињата на Хари и Меган до неодамна стоеја веднаш под принцот Вилијам и војвотката Кејт, а над принцот Ендрју и принцот Едвард на службената страница  од кралското семејство. Сега тие се преместени под принцезата Ана, Ендрју, Едвард и Софи.

Иако на страницата членовите  не се подредени според ранг, овој потег се објаснува со фактот дека Хари и Меган повеќе не се активни членови на семејството. Откако се преселија во САД и решија дека нема повеќе да настапуваат во име на кралицата Елизабета.

Потоа тие го дадоа шокантното интервју за Опра Винфри во кое зборуваа за тешкотиите кои ги имале додека живееле во кралскиот дворец.
Но, според извори на британските медиуми, бабата, односно кралицата Елизбата, сè уште многу го сака својот внук и поради тоа нема никогаш целосно да ги исклучи од семејните случувања и настани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот