Хари и Меган ги изгубија кралските титули

Хари и Меган повеќе нема да ги користат кралските титули и нема да добиваат пари од јавните средства кои се користат за исполнување на кралските должности, објави Бакингемската палата.

Тие ќе треба да вратат 2.4 милиони фунти – колку што чинеше реновирањето на резиденцијата Фрогмор, што било платено со парите на даночните обврзници. Сепак, оваа куќа ќе остане нивевн семеен дом.

-Парот веќе нема формално да ја претставува кралицата Елизабета Втора, овие одредби ќе стапат во сила на пролет оваа година, се вели во дописот од Бакингемската палата.

Хари и Меган на почетокот на месецов најавија дека веќе нема да бидат формални членови на кралското семејство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот