Харгривс: Од Дортмунд блефираат, Санчо ќе игра за Јунајтед!

EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Поранешниот играч на Јунајтед верува дека ќе се случи трансфери на англискиот репрезентативец на „Олд Трафорд“.

Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Овен Харгривс, верува дека од Борусија Дортмунд блефираат и на крајот Џејдон Санчо ќе заврши на „Олд Трафорд”.

„Црвените ѓаволи” требаше до вчера да го комплетираат трансферот на англиската млада ѕвезда, но двата клуба такаи не се договорија за цената на напаѓачот.
Подоцна истиот ден, спортскиот директор на „жолто-црните” Михаел Цорк призна дека одлуката на Санчо да остане на „Сигнал Идуна Парк” е конечна и тој ќе игра во Германија следната сезона.

Конечна одлука: Санчо останува во Борусија Дортмунд!

Но, Харгривс верува дека ќе се случи трансфер и 20-годишниот фудбалер ќе игра на „Олд Трафорд” од другата сезона.

Блеф. Мислам дека е блеф, мислам дека Санчо ќе биде играч на Манчестер Јунајтед наскоро. Само се обидуваат да земат повеќе пари од целата ситуација. Тоа е во природата на предаторот. Очигледно знаат дека се заинтересирани од Јунајтед. Мислам дека блефираат и знаат дека тој ќе замине по таа цена – се зборовите на поранешниот играч на Јунајтед за „БТ Спорт”.

„Скај Спортс” исто така објави дека сагата околу Санчо не е завршена и првите луѓе од Манчестер не се откажале од намерата да го ангажираат англискиот репрезентативец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот