Харден и Вестбрук без милост против Оклахома! (ВИДЕО)

twitter.com/NBA

Вечерта ја одбележа пресметката на Расел Вестбрук и неговиот Хјустон против досегашната екипа, Оклахома.

Вестбрук за малку ќе реализираше „трипл-дабл“ во победата над Рокетси (116:112), неговиот учинок беше 21 поен, 12 скокови и девет асистенции. Џејмс Хардер постигна дури 40 поени.

Милвоки немаше проблеми против Кливленд (129:112), дури седум играчи имаа двоцифрен број на поени, а МВП на лигата Адетокумбо стигна до „дабл-дабл“ од 14 поени и 10 скокови.

Голден Стејт ја забележа првата победа сезонава против Њу Орлеанс (134:123), Дрејмонд Грин беше фантастичен со 16 поени, 17 скокови и 10 асистенции, а Стеф Кари запиша 26 поени (11 асистенции).

Портланд е поразен од Сан Антонио со 110:113, додека ЛА Клиперс предводен од Кавај Ленард (30 поени) го совлада Шарлот (111:96).

НБА, резултати:

Детроит Пистонс-Индијана Пејсерс 96:94
Њујорк Никс-Чикаго Булс 105:98
Атланта Хокс-Филаделфија Сиксерс 103:105
Торонто Репторс-Орландо Меџик 104:95
Хјустон Рокетс-Оклахома Сити Тандер 116:112
Милвоки Бакс-Кливленд Кавалирс 129:112
Њу Орлеанс Пеликанс-Голден Стејт Вориорс 123:134
Сан Антонио Спарс-Портланд Трејл Блејзерс 113:110
Феникс Санс-Јута Џез 95:96
Сакраменто Кингс-Денвер Нагетс 94:101
Лос Анџелес Клиперс-Шарлот Хорнетс 111:96

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот