Харден и „ракетите“ не запираат, декласиран ЛА Клиперс (ВИДЕО)

EPA-EFE/LARRY W. SMITH

Џејмс Харден и Хјустон рокетс веќе влегоа во плејоф ритам, а тоа најдобро го почувствува можниот конкурент во првото коло од разигрувањето, ЛА Клиперс, кој е декласиран со дури 32 поени разлика (135:103). Како по обичај, Џејмс Харден беше прво име кај „ракетите“ со 31 поен и по 7 скокови и асистенции за четврти триумф по ред со кој дојдоа на само една победа од второпласираниот на Западот, Денвер нагетс.

Денвер исто така оствари убедлив триумф, со 113:85 е совладан Сан Антонио спарс, а интересно е што тренерот на „мамузите“ беше исклучен по само 63 секунди игра.

Лука Дончиќ по пауза од два натпревари се врати на теренот, постигна 27 поени но неговиот Далас загуби со 110:108 од Минесота. Словенецот го имаше најдобриот потег на вечерта кога со прекрасен дриблинг го посрамоти Џон Окоџи.

Резултати:
Детроит – Индијана 89:108
Орландо – Њујорк 114:100
Вашингтон – Чикаго 114:115
Атланта – Филаделфија 130:122
Бруклин – Торонто 105:115
Мајами – Бостон 102:112
Њу Орлеанс – Шарлот 109:115
Далас – Минесота 108:110
Денвер – Сан Антонио 113:85
Феникс – Јута 97:118
Портланд – Мемфис 116:89
ЛА Клиперс – Хјустон 103:135

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот