Харадинај за таксите на српската роба: Не ја менуваме одлуката, таа е адут во дијалогот

Фото: EPA/Olivier Hoslet

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави дека уште постојат барања од Берлин и Приз за укинување на увозните такси на српската роба, повторувајќи дека тој сепак нема да ја менува одлуката, бидејќи според него таа е главен адут на Приштина во дијалогот со Белград.

Харадинај рече дека барањето за укинување на таксите е „барање за Косово да се дициплинира и да прифати решение со многу компромиси во конечниот договор со Србија“.

– Таксата не е само такса и не е само трговија. Тоа е исто така прашање кое одредува дали сме или не сме држава – изјави Харадинај.

Косовскиот премиер смета дека ако се откажат од таксите пред признавањето, тоа ќе им отежне постигнување на договор од еднакви позиции.

Харадинај рече дека одлуката за визна либерализација на Косово не е далеку и дека таа не е поврзана со таксите.

– Ако се одобри либерализација на визниот режим ќе имаме сосема поинаква атмосфера на Балканот – истакна Харадинај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот