Харадинај: За обединувањето со Албанија не ни треба одобрение од Србија

Рамуш Харадинај/ Фото: EPA-EFE/MALTON DIBRA

Претседателот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, денеска изјави дека обединувањето на Косово со Албанија не е поврзано со договорот што треба да се постигне со Белград, туку дека е внатрешна одлука на Косово.

Приштина, рече Харадинај, до обединувањето треба да дојде на истиот начин како што тоа го направи со армијата, Трепча или одлуката за независност, пренесе „Газета Експрес”.

Според него, обединувањето со Албанија зависи од повеќе работи.

-Доколку останат препреките поставени од Србија и од дел од меѓународната заедница во врска со нашето признавање или членството во НАТО, бидејќи безбедноста е приоритет, немаме друг избор освен да излеземе на референдум со Албанија, рече Харадинај.

Тој објасни дека барањето за обединување со Албанија се разликува од барањето од минатото, затоа што претходно се бараше ЕУ да добие одобрение од Србија, а сега тоа не се бара.

Харадинај додаде дека доколку не стане претседател на Косово, ќе се најде второ решение, што ќе се постигне со консензус меѓу институциите и партиите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот