Харадинај: Воспоставувањето на авиолинијата не значи укинување на таксите кон Србија

Фото: EPA/Olivier Hoslet

Нашиот воздушен простор се уште не е под наша контрола, поради безбедносни причини. Но, договорот не е враќање назад ни за суверенитетот, ни за независноста на Косово – изјави Харадинај.

Премиерот на Косово во заминување, Рамуш Харадинај, денес изјави дека договорот за авионска линија меѓу Косово и Србија не го загрозува суверенитетот на земјата и дека договорот не значи и остранување на таксите кон Србија.

Харадинај по состанокот на владата, рече дека со имплементирање на авионската линија може да бидат признаени и документите на Косово.

– Нашиот воздушен простор се уште не е под наша контрола, поради безбедносни причини. Но, договорот не е враќање назад ни за суверенитетот, ни за независноста на Косово – изјави Харадинај.

Харадинај зборуваше и за актуелната политичка ситуација и рече дека неговата партија Алијанса за иднината на Косово ќе биде во опозиција и нема да биде дел од новата влада.

Додаде дека не се сретнал ниту со претседателот на Демократскиот сојуз на Косово, Иса Мустафа, но рече дека е отворен за таква средба.

– Немаме комуникација со Движењето Самоопределување за заедничко владеење. Не сме се сретнале ниту со претставници на ЛДК – рече тој.

Харадинај на прашање за евентуалното гласање на малцинска влада, рече дека без полтиички договор тоа е многу тешко.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот