Харадинај: Унијата Косово-Албанија ќе има одделни избори и парламент, но еден претседател и премиер

EPA-EFE/MALTON DIBRA

Лидерот на Алијансата за иднината на Косово и кандидат за претседател на Косово, Рамуш Харадинај, кој пред неколку дена изјави дека ако до 2025 година Косово не биде дел од НАТО, тој ќе побара референдум за обединување со Албанија, во екслузивно интервју за албанската Ора њуз телевизија даде детали за заедничката унија Косово – Албанија.

-И Косово и Албанија ќе одржуваат одделни избори и ќе имаат свој парламент, но мора да имаме еден претседател. Исто така ќе има избори на унијата за заеднички парламент, со еден претседател и шеф на националната влада. Ние ќе одржиме избори Косово-Албанија секој за себе, но ќе имаме и заеднички избори во Унијата, објасни Харадинај.

Според него Албанија ќе го зачувува парламентот, Косово исто така ќе има парламент, но исто така “мора да имаме заеднички парламент и тогаш мора да имаме еден претседател, а не двајца и еден национален премиер”.

– Начинот на уставно дефинирање на унијата треба да го направиме со меѓусебни консултации за да не се натпреваруваме едни со други на пазарот, туку тоа треба да го направиме заедно. Начин што ќе се почитува, што ќе биде функционален, рационален, ќе земеме модели, ќе земеме помош од сојузниците за да ни кажат што е подобро. На пример, Воената академија „Скендербег”, не можеме да имаме причина да имаме целосно дуплирање на работата што ја работиме заедно и верувам дека така ќе функционираме, рече Харадинај.

На констатацијата на новинарот дека има искуство како се прават добри избори, Харадинај одговори „да видиме, да го зачуваме овој квалитет и на овие избори, доколку го сочуваме тогаш да, имаш право”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот